Pinterest воведува три различни видови на пинови кои ќе бидат организирани според видот на содржина. Пиновите кои се наменети за полесна интеракција со брендовите, ќе водат директно до продукти за да може да се купат веднаш. Целта е да се привлечат брендовите на оваа мрежа која е популарна меѓу потрошувачите. За жал, повеќето брендови кои соработуваат со Pinterest се од САД, така да купувањето на поголем дел од продуктите најверојатно засега ќе биде ограничено за таа земја, иако Pinterest вели дека ова „е само почеток“ со кои се отвараат вратите за можна соработка со куп други брендови. Новите видови пинови се:
- пинови за продукти како облека и мебел на кои ќе биде излистана и цената и каде може да се купат,
- пинови за рецепти од популарни блогери и вебсајтови со детали за состојките и времето на готвење,
- и пинови за филмови кои ќе содржат рејтинг, листа на глумци и други детали.
Новите пинови ќе може да ги видите само ако ја користите новиот интерфејс на Pinterest.
Заедно со оваа новина, објавена е и опција да се пинува директно преку мобилните апликации. Се работи за pin копче, налик на Share на Facebook, кое ќе биде вградено во неколку популарни апликации како Behance, TED, The North Face, Fotopedia и други.

