1 коментар 1 мин. читање

Поголема контрола врз Netflix со Firefox екстензијата Netflix Extender

Користите Firefox и многу сакате Netflix? Во тој случај, екстензијата која ја ископавме овојпат се чини дека е само за вас! Netflix Extender е мала, но корисна екстензија која допринесува до пофлексибилно искуство при гледање филмови и серии со прелистувачот на Mozilla.

На располагање имате опции за автоматско прескокнување на прегледите од тоа што се случило во претходната епизода, но и интро сегментите. Паралелно со ова, можете да го забрзате времето кое е потребно пред да започне новата епизода од серијата, како и да се паузира гледањето секојпат кога ќе отворите или ќе се префрлите на некое друго јазиче. Мали работи кои многу значат на филмоманите.

Опцијата која највеќе нѝ се допаѓа е поврзана со сервирање нови содржини според вашиот вкус. Имено, секој пат кога пребарувате нешто, во резултатите нема да се прикажуваат наслови за кои сте избрале thumbs down. Исто така, можете да давате ваши оценки на работите што ќе ги одгледате.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top