Pegasun System Utilities ја има едноставната цел да понуди над 28 алатки кои ќе помогнат да се исчисти и оптимизира вашиот компјутер.

Корисниците кои не сакаат да ѕиркаат под хаубата и да се играат со опциите имаат го имаат на располагање копчето 1-Click Maintenance. Со кликнување на копчето автоматски започнува серија од скенирања и исправки кои, кога ќе завршат, би требало да го имаат правилно оптимизирано системот, така што ќе извршат некоја од следниве проверки: Clean Computer, Optimise Startups, Computer Tune-up, Disk Defragmenter, и слично.
Најновата шеста верзија на апликацијата го има надградено корисничкиот интерфејс, а и може да се пофали со целосно нови или подобрени алатки. Подразбирливо, имате и премиум верзија на програмот која, за цена од 1000 денари, отклучува дополнителни опции.







