0 коментари 1 мин. читање

Bioware работат на римастер на Mass Effect трилогијата, но и на целосно нова игра од универзумот

Со месеци се претпоставуваше и алудираше на римастер за Mass Effect игрите. Рака на срце, фановите ќе беа пресреќни да се беше најавил римастер само на првата игра, но од Bioware го резервираа 7 ноември (N7) за да најават римастер на целата трилогија, заедно со сите DLC додатоци кои излегоа за двојката и тројката.

Mass Effect Legendary Edition ќе се одликува со целосна поддршка за 4К резолуција, повисоки FPS, како и бројни графички разубавувања на текстурите и ефектите. Се очекува римастерот на излезе на пролет и тоа првенствено за PC, PS4 и Xbox One, како и прилагодени верзии кои ќе функционираа и на новите конзоли на Sony и Microsoft.

Како што напоменавме, ова не е единствената вест која беше официјализирана викендов. Имено, Bioware веќе работат на нова игра во Mass Effect универзумот. Играта е во рана фаза на развој и студиото сеуште не е спремно да сподели детални информации. Со оглед на тоа колку лошо помина лансирањето на Mass Effect Andromeda, искрено се надеваме дека Bioware научиле многу од целокупното ускуство и дека нема да ги повторат истите грешки.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top