QR-кодови и апликација која анализа кашлање дел од мерки против COVID-19

во Вести

COVID-19 продолжува да се шири, а бројот на заразени и натаму расте. Најголем дел од државите и регионите во овој период имаат нови рекордни броеви на заболени. Технологијата и претходно се користеше како помош преку апликации за следење на контакти. Сега има уште неколку технологии кои ја пронаоѓаат својата примена.

Најчести преносители коронавирусот се асимптоматските заболени кои најчесто и не се свесни за ова. Група истражувачи од универзитетот MIT откри дека и кај асимптоматските заболени постојат разлики предизвикани од коронавирусот. Овие разлики може да се откријат со анализа на кашлањето.

Идејата за анализа на кашлањето доаѓа откако истите методи се користат за откривање на пневмонија, астма и невромускуларни заболувања. Илјадници звуци на кашлање се искористија за тренинг на вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција препознава 100% од кашлањето на асимптоматски заболени и 98,5 отсто од кашлањето од симптоматски заболени со точност од 83% и 94%.

За проценка на заболувањето се користат 4 параметри. Моделот детектира промени во јачината на гласот, интензитетот на кашлица, перформансите на белите дробови и мускулна деградација. Помалата прецизност кај пациентите со симптоми се должи на преклопување на дел од симптомите со други болести, на пример со грип.

„Ефективната имплементација на оваа групна дијагностичка алатка може да го намали ширењето на пандемијата ако сите ја користат пред да одат во училница, фабрика или ресторан“, вели ко-авторот Брајан Субирана, истражувач во Auto-ID лабораторијата на MIT.

QR-кодови за регистрирање податоци

Во Австралија пак властите пронаоѓаат старо-нови начини за следење на контактите. За да се забави ширењето на вирусот, властите во Австралија побараа од рестораните и кафулињата да ги евидентираат посетителите. За оваа потреба се користат традиционални записи со пенкало и хартија, но и QR-кодови.

QR-кодовите во оваа прилика се користат за корисникот да се префли до форма или веб-страница на која треба да ги внесе своите податоци. Посетителите треба да ги остават телефонскиот број, името и времето во кое го посетиле локалот. Податоците што се собираат не се исти за сите држави во Австралија, а секако и самиот систем влијае на што е задолжителен податок.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Daniel Dimov
5 years ago

Made in Macedonia
QR Menu Maker

види ги сите огласи на kariera.it.mk