13 коментари 1 мин. читање

Сега може да си креирате ваши магазини со Flipboard 2.0 за Android

Популарната апликација за читање вести, Flipboard само што ја претстави својата 2.0 верзија за Android во која е додадена опцијата да креирате ваш сопствен магазин. Со Flipboard 2.0 за Android ќе може да креирате магазини со содржините кои ќе ги најдете преку апликацијата, без врска дали се од друштвените мрежи, познати блогови и медиуми, или споделени од персонализирани магазини на други корисници.

Во моментов на iOS верзијата која прва ги доби магазините нема којзнае колку добри магазини креаирани од корисници, но се зависи од интересот кој го следите. Тоа што го има во Android верзијата, а го нема во iOS, е можност да споделувате YouTube видеа, страни од прелистувач и слики од галеријата на телефонот дирекно во вашиот Flipboard магазин. На iOS може да објавувате содржина во вашиот магазин само преку апликацијата.

Заедно со новата Android верзија, Flipboard објави и веб базиран едитор за персонализираните магазини, и објави дека од претставувањето на магазините доби нов 3 милиони корисници. Сега вкупно има 53 милиони.

[youtube]c0PeBt1S3w4[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

13 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top