0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2013

17-годишнaта Џени Ламер го направо Twivo за да ги цензурира ТВ спојлерите на Twitter

Дали ви се случило пораките по друштвената мрежи да ви ги расипат сериите кои сте се подготвувале подоцна да ги гледате? Седумнаесет годишната Џени Ламер креираше софтвер кој може да ги „цензурира“ пораките на Twitter за да ви ги сочува сериите свежи. Тинејџерката која се интересира за роботика, планинарење и хакатони беше единствена девојка учесник на бостонскиот TVnext Hack на кој во одреден период требаше да се изработи софтверот. Тоа што беше единствен самостоен учесник и единствена девојка од 80 учесници не ја спречи да ги освои наградите Best in Show и Best use of sync-to-broadcast.

Екстензијата за Chrome која ја изработи Џени Ламер се вика Twivo и овозможуба корисникот да одбере зборови кои ќе ги „цензурира“ и по колку време ќе почне повторно да ги прикажува. Засега Twivo е сè уште во демо верзија и ќе бидат потребни уште 2-3 недели за да се заврши, но Furious Minds веќе се понудиле за маркетинг за финалната екстензија. Откако завршила со екстензијата за Chrome, Џени го однесе проектот кај своите соученици и заедно го разгледале кодот, вели Mother Jones.

Џени е една од ретките девојки кои се натпреваруваат во програмирање. За жал само 12 проценти од програмерите кои завршуваат во САД се девојки, а бројот е алармантно низок ако се има во предвид дека во 1984 година околу 37 отсто од програмерите биле девојки, вели организацијата Girls Who Code.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top