{mosimage} Директорот на Microsoft е познат по своите откачени настапи и исмејувањето на iPhone. Сега на овогодинешниот приватен состанок на компанијата, Стив Балмер откако ја истрчал бината неколку пати (видеото
сега е ставено како приватно на YouTube), видeл дека еден од неговите вработени го слика со iPhone, продукт на конкурентот Аpple. Тој го грабнал уредот и почнал да го исмејува додека публиката го исвиркувала телефонот, пренесува ТechFlash.
Потоа Балмер го ставил телефонот на земја и се преправал дека го гази.
На настанот биле преставени Project Natal, подобриот Bing 2.0, и првата телевизиска реклама за Windows 7. Но г-дин. Балмер го одвлече вниманието од тие проекти со своите екцентрични настапи, кои и веќе не се изненадување, а кои секојпат му носат
лош публицитет на Microsoft.
„Можеби Microsoft треба да учи од конкуренцијата, наместо да ја исмејува.“ е една од најчестите критики кон г-дин. Балмер, кој и претходно пред објавувањето на iPhone го исмејуваше телефонот, кој денес бележи огромен успех.
Сите видеа и твитови од и за настанот се отстранети т.е ги нема или се приватни. Но тоа што може да ви даде слика каков е г-дин. Балемер
на сцена, или познат како директор на една од најмоќните компании во светот, можете да го видите во видеото подолу, или тука, или тука…






