3 коментари 2 мин. читање 11 април, 2013

За жал видео игрите не ја зголемуваат вашата интелигенција

Нови истражувања направени од Georgia Tech покажуваат дека игрите наменети за „тренинг“ на интелегенцијата можеби и не ве прават попаметни. Групата научници кои експериментираa, сега се враќаат на старото тврдење дека учесниците во истражувањето стануваат повешти во игрите, но нивниот IQ не се менува.

Авторите на истражувањето велат за New Yorker дека овие вежби продуцираат краткотраен ефект, во специфични полиња, но резултатите не се пренесуваат во реалниот свет. Вашата вештина додека ги играте овие логички игри не се пренесува на аритметика, читање или било која задача надвор од задачите кои ги завршувате.

Дел од научниците како проблем ги посучуваат своите колеги кои намерно ги преувеличуваат ефектите, пред се, бидејќи доколку не се пронајде ништо, не може да се публикуваат научни трудови за истражувањата. Дополнително, компаниите кои го креираат софтверот за тренинг, погрешно го рекламираат.

И додека дел од новите испитувања покажуваат дека играњето не ја подобрува интелегенцијата, психологот Сузан Јаеги вели дека нејзините истражување покажале дека игрите не само што помагаат, тука за еден час IQ-то можете да го подобрите за цел поен. Уште поважно, колку повеќе „тренирате“ толку резултатите стануваат подобри.

Иако резултатите засега покажуваат дека логичките игри не ја подобруваат вкупната меморија или интелегенција. Дел од истражувањата велат дека играњето на вакви игри помага при концентрација и се постигнуваат подобри резултати во полето кое го тренирате.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
ДедоМраз
ДедоМраз
13 years ago

Не знам дали игрите ја зголемуваат интелигенцијата или не, но со сигурност знам дека "научниците" сериозно треба да поработат на својата интелигенција. Едни велат едно, други друго. Ајде нивните тврдења да се разликуваат минимално, ама целосно дијаметрално спротивни тврдења укажува на дека "научниците" навистина имаат сериозни проблеми.

@alekgev
13 years ago

Коментар на место… Можам да се кладам дека да ги памтиме сите вести со "научниците" кои што тврдат нешто со нивните "истражувања", една година подоцна го тврдат спротивното, и се така во циклуси. :D

ДедоМраз
ДедоМраз
13 years ago
Reply to  @alekgev

Уште еден чист пример за тоа, глобално затоплување. По некое време "научниците" велат "пу пу не важи" глобално заладување ќе било.

Мени
Заедница
Изглед
To top