0 коментари 2 мин. читање 11 април, 2013

Twitter работи на апликација за Google Glass

Twitter веќе на големо работи на прилагодување на платформата за микро-блогирање на Google Glass. Компанијата не е осамена, а на апликации веќе работат и Path, Evernote и New York Times, известува The Next Web. Twitter е најновата компанија која се вклучува во поддршка на Google Glass откако останатите се приклучија на SXSW. Технологијата ќе создаде нов свет во услугите и искуствата.

„Glass ја претставува иднината на слободата. Иднина во која ќе поминете повеќе време со луѓето и со настаните кои ги доживувате, наместо да бидете концентрирани на преносните уреди. Glass ви носи информации, контекст и моменти кога ви се најмногу потребни.“, вели oсновачот на Path, Дејв Морин.

Сепак далеку поинтересна ќе биде примената на технологијата во здравството, едукацијата или забавната индустрија. Првите Google Glass ќе бидат испорачани веќе следниот месец, а можат да ги oчекуваат луѓето кои ги нарачаа на Google I/O и победниците од натпреварот кој го организираше компанијата на Google+ и Twitter.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top