Google ја објави новата верзија, 27 по ред на Chrome за Android. Оваа нова верзија ни доаѓа со едно големо подобрување, а тоа е можноста корисниците да прелистуваат на цел екран со што се отстрануа лентата за адреса и се добива повеќе простор за прикажување на содржината.
Уште едно подобрување на Chrome прелистувачот е можноста за печатење на цели страници или дел од содржината преку Google Cloud Print, но, за жал, оваа можност во моментот е достапна само за iPhone и iPad корисниците. Сепак, откако ќе го инсталирате Chrome ќе бидете прашани за дозвола за Google Cloud Print, што значи дека оваа можност за брзо ќе биде достапна и на Android уредите.
Во новата верзија Chrome овозможува пребарување преку omnibox, односно преку полето за пишување на веб адреси, со што се овозможува побрзо прегледување, како и добивање на предлози. Корисниците на таблет компјутерите ќе имаат и можност да ја прегледуваат историјата на табови со долго притискање на копчето за назад. Google Chrome Beta можете да ја преземете од Google Play.








konecno nesto pametno :)