1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: YES инкубатор и Vip ве водат на BlackBerry 10 Mini Jam во Белград

Yes инкубатор и Vip обезбедија бесплатен превоз на 50-тина програмери и ентузијасти кои сакаат да учествуваат на BlackBerry 10 Mini Jam во Белград, Србија, на 6-ти април.

Организиран од страна на Blackberry Developer Group Balkan, поддржан секако од BlackBerry, присутните на Mini Jam ќе се запознаат со развојот на новата BlackBerry 10 платформа, како и да се запознаат со идните планови на BlackBerry. Mini BlackBerry 10 Jam ќе ги обедини искуствата и знаењата на програмерите од Албанија, Бугарија, Босна, Хрватска, Унгарија, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција и ова нивно поврзување треба да доведе до посилна соработка, размена на информации и знаења и да овозможи подобар потенцијал за развој.

Регистрацијата за настанот е бесплатна и вклучува учество на конференцијата и сите сесии. За да се регистрирате, се што треба да направите е да напишете кратко мотивациско писмо зошто сакате да учествувате на настанот (до 500 карактери) и да го испратите на [email protected] најдоцна до 3 Април до 13:00 часот. Oткако добиете потврда дека има слободни места, треба да се регистрирате на следниов линк .

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top