Activision претстави нов енџин за рендирање кој полека ја поминува границата на „вознемирувачката долина“ – концепт од 1970-та година претставен од професорот по роботика Масахиро Мори, пишува Mashable. Концептот вели дека како роботите стануваат се пореални така луѓето полесно се поврзуваат емотивно со нив, се до моментот кога роботите ќе ја поминат „долината“ и ќе застанат пред нас скоро невозможни да ги разликуваме дали се вистински луѓе или вештачка интелигенција. Тогаш тие ќе ни станат одвратни.
[youtube]l6R6N4Vy0nE[/youtube]
„Ќе ви го покажеме дека секој детал е тајна за достигнување на реалноста. За нас, предизвикот не е само забава, туку е повеќе за креирање на медиум за подобро искажување на емоции, и допирање на емоциите на играчите.“, вели Жорге Именез кој го води проектот.
Според Activision, оваа технологија ќе ги донесе следната генерација карактери во „следната генерација на живот“ на 180 фрејмови во секунда на GeForce GTX 680.