0 коментари 2 мин. читање 29 март, 2013

Дали Facebook ќе претстави свој модифициран Android OС?

„Дојдете и видете го нашиот нов дом на Android“ е пораката со која Facebook ги покани новинарите да присуствуваат на 4-ти април на настанот на кој ќе презентираат „Facebook домот“.

Непотврдените шпекулации се дека друштвената мрежа конечно ќе го претстави својот телефон. Најголем дел од известувачите се претпазливи пред се бидејќи ова нема да биде првпат да се најавува телефон со главна предност – интеграција на Facebook. Ниту пак прв пат деманти за телефон да дојдот директно од врвот на компанијата. Сепак, дел од порталите веќе излегуваат со неофицијални и непотврдени хардверски спецификации на телефонот. Шпекулациите се движат од хардвер еднаков на iPhone 5 до 1.5GHz процесор, 1GB RAM, 16GB внатрешна меморија, 5 MP задна и 1 MP предна камера.

Повлијателните портали засега предвидуваат HTC уред со модифициран Android OС. Оперативниот систем ќе биде поблизок до Android отколку оперативниот систем кој го користи Amazon, а сите промени ќе бидат направени за подобра интеграција на Facebook апликацијата. TechCrunch вели дека треба да очекуваме модифициран Android. ИТ блогот ја опишува интеграцијата како „Facebook за iOS на стероиди“. Вака креираниот оперативен систе ќе овозможи друштвената мрежа подобро да ве запознае, запознавајќи кои се вашите вистински пријатели преку SMS-пораките и телефонските разговори, а со тоа и поумешно рекламирање.

Без разлика на тоа која од претпоставките е точна, се чини најважно е прашањето дали би купиле телефон или таблет компјутер поради интеграцијата со друштвените мрежи или поточно – само се една друштвена мрежа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top