3 коментари 1 мин. читање

Oд денес вашиот Hotmail е претворен во Outlook

Microsoft го надгради Hotmail.com и од денес тој е Outlook.com. Функцијата на имејл сервисот останува иста, но изгледот е значително подобрен. Сo многу помалку реклами и значително почист изглед Outlook е еден од поубавите и попрактичните сервиси за електронска пошта.

Оutlook овозможува синхронизирање на настаните од календарот, поштата на телефон, таблет или дектоп компјутер. Покрај ова веднаш ќе забележите и Facebook и Twitter интеграција, а сервисот наскоро очекува интегрирање на Skype на местото на messenger, што ќе донесе и видео разговори.

По примерот на Google Docs и Microsoft интегрира текст едитор. World Web App овозможува креирање или едитирање на Word, Excel, Powerpoint или One Note документи како дел од SkyDrive и е навистина моќен текст едитор. Ако сакате да го промените досегашниот сервис за пошта или барате нов, никако немојте да го превидите Outlook кој секако е „еден од најдобрите вакви сервиси кои ви се достапни“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

3 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top