0 коментари 1 мин. читање

Погледнете што вели Сергеј Брин на TED за своето искуство со Google Glass

Откако Google ги претстави своите наочари со проширенa реалност, некако се навикнавме да го гледаме Сергеј Брин да ги носи наочари во метро, на презентации, на состаноци, буквално секаде каде што оди, како да сака да ги тестира Google Glass во секоја можна ситуација за да провери дали информациите од малото екранче над десното око навистина ја збогатуваат реалноста.

Овој пат ко-основачот на Google, се појави на конференцијата TED на која подетално зборуваше за своето искуство со проширената реалност. Секако тој се појави со наочарите, но наместо да ги демонстрира техничките можности, тој зборуваше за како започна Google Glass проектот, за раните прототипи кои биле големи како „паметни телефони залепени за вашата глава“ и за како го криеле проектот дури и од нивните индустриски дизајнери се додека таа не ја прифатила работата.

[youtube]rie-hPVJ7Sw[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top