Apple е нов сопственик на стартапот WiFiSLAM (WiFi Simultaneous Localization and Mapping). Стартапот ќе треба да и помогне на компанијата во натпреварот со Google за мапирање на внатрешноста на објекти. По аквизицијата WiFiSLAM веднаш ја затвори својата страна, а инжинерите ќе бидат префрлени кај Apple. Аквизицијата на WiFiSLAM го чинеше Apple околу 20 милиони долари.
WiFiSLAM со комбинација на повеќе методи го подобрува лоцирањето и мапирањето во внатрешноста. Со оваа технологија ќе може да се мапираат објекти со прецизност од 2,5 метри што е значително подобрување во однос на 10 метри со GPS. Со зголемување на бројот на скенирањa прецизноста на мапирањето ќе се зголеми доволно за да се направи мапа.
Мапирањето се прави со снимање и споредување на низа податоци од паметните телефони: брзинометри, жиросокопи и магнетометри. Покрај траекторијата на движење, ќе биде снимана и брзината и забрзувањето што ќе го подобри квалитетот на резултатите. iPhone 4S и iPhone 5 веќе имаат жироскоп, брзинометар и магнетометри.
Подолу е слика од мапирањето направено со сензорите на телефон.








