0 коментари 1 мин. читање

Основачот на CyanogenMod, Стив Кондик, го напушти Samsung

После скоро две години работа во Samsung, основачот на популарниот Android ROM – CyanogenMod, Стив Кондик, ја напушти својата работна позиција во јужнокорејскиот гигант. Тој на својот Google+ профил вели дека работи само во CyanogenMod и коментираше за Samsung S4.

„Поминав некое квалитетно време со S4 пред да ја напуштам компанијата. Голем љубител сум на S3 и го користам секој ден, а во глобала сум задоволен и од S4. Уредот нема некои промени во индустрискиот дизајн, но уредот е посолиден во однос со Ѕ3. А што се однесува до спецификациите, потполно ја уништува конкуренцијата.“, пишува г. Кондик на Google+.

Причината поради која тој ја напушти компанијата не е позната, исто како и што тој има допринесено во развојот на Android паметните телефони на Samsung. Нивните уреди покажаа некои иновации, но не е познато дали учествувал во некоја од тие. На прашањето зошто го напуштил Samsung, тој даде дипломатски одговор дека не се работи за ништо посебно и дека работата во Samsung била добра. Како и да е, г. Кондик се одлучил да работи на нешто ново.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top