Покрај официјалните апликации, постојат и глобем број на други Twitter клиенти за сите паметни телефони. Еден од подобрите, нарекуван како паметен Twitter клиент е Neatly, кој е достапен за iPhone, iPad, Android 4.0+, па дури и за заборавениот Symbian.
Во дизајнот Neatly не се разликува многу од останатите Twitter клиенти. Има за следење на тајмлајнот, пораки, повеќе профили и виџет, и главното мени не се наоѓа на врвот од страницата. Таму единствено нешто што може да се пронајде е копчето за пишување на твитови.
Причината поради која овој клиент се нарекува паметен е во тоа што нуди паметен тајмлајн, односно, според некој сопствен алгоритам најпрво ви ги прикажува твитовите кои смета дека би ве интересирале.
Исто така, доколку кликнете на профилната слика на некој корисник, ќе ви се прикажат неговите информации со неколку дополнителни информации. Ќе добиете информација колку сте слични со корисникот што го прегледувате, колку твитаат, неговата влијателност, колку линкови споделуваат, а на крајот од екранот е опцијата да изберете посебна боја со која ќе биде означен на тајмлајнот.
[youtube]1T30TKdoWJ8[/youtube]
(Фала до @Banekoma за линкот)
