0 коментари 3 мин. читање 7 март, 2013

И Google треба да се плаши од Европската Комисија

Вчерашната казна за Microsoft треба да ги загрижи и останатите компании кои го нарушуваат слободниот европски пазар, пишува All Things Digital. Ова пред се се однесува на Google кои веќе долго време се под „лупа“ на Европската Комисија.

Забелешките кои ги има Европската Комисија, а се однесуваат на Google се пред се поради доминацијата која компанијата ја има во интернет прабарувањето. Иако сериозен дел од забелешките кои ги има првиот човек на Комисијата, Жоакин Алмуниа, се дека Google го пренасочува сообраќајот од конкурентите. Во Европа 90 отсто од пребарувањето оди преку Google за разлика од САД каде иако доминацијата е намалена на  65 отсто.

„Важно е за комисијата да ја покаже својата сериозност во овој случај [се мисли на пресудата врз Microsoft] бидејќи ќе претставува преседан и ќе помогне следните решенија да се донесуваат многу побрзо.“, вели Николас Пети професор по Легислатива за конкуренција и економија, кој истакнува дека во ситуација кога технологијата во овој сектор оди напред многу брзо и судските одлуки мора да бидат брзи.

Европската Комисија за казната на Microsoft, кој интересно беше пријавен од Google и Opera, рече дека „уверувањата дадени во анти-монополските сослушувања имаат важна законска улога, бидејќи ни овозможуваат брзо решение на проблемите со конкуренцијата. Овие одлуки бараат строго придржување, секакво избегнување е сериозно нарушување кое ќе биде санкционирано.“. Оваа изјава беше сфатена од аналитичарите како јасно предупредување до Google дека ќе мора да ги завршат обврските кои ќе ги преземат или ќе ја доживеат истата судбина како и Microsoft.

Цел на слична ваква истрага Google беше и во САД, но FTC ја затвори истрагата со одлука дека компанијата не ја злоупотребува својата позиција, Дел од конкурентите ја осудија одлуката како премногу блага казна, но и пропуштање на можност за заштита на иновативноста.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top