Војната на Apple и Epic и отстранувањето на Unreal ќе го погоди и Microsoft

во Вести

Ако Apple ги отстрани Unreal Engine од својата платформа жртва ќе биде и Microsoft, но и останатите развивачи на видеоигри. Односот на Apple и Epic е влошен од пред неколку недели. Започна откако Epic во Fortnite додаде можост за плаќање надвор од iOS. По ова Apple веднаш ја отстрани популарната игра од AppStore.

Apple се закани дека ќе го отстрани Unreal Engine од алатките за кои обезбедува поддршка. Unreal е енџин за видеоигри кои поради квалитетот го користат голем број на девелопери. Со отстранување од iOS развивачите нема да може да ги користат придобивките на енџинот. Една од игрите на Microsoft за iOS која е директно зафатена од ова е Forza Street. Поточно iOS верзијата на играта, пренесе Reuters.

Microsoft нема да биде единствениот развивач погоден ако Apple навистина и го отстрани Unreal Enginе. Компанијата и официјално поднесе писмо со поддршка за задржување на Unreal до Судот во Калифорнија.

„Укинувањето на пристап на Epic до Apple SDK и останатите алатки за развој ќе го спречи Epic да продолжи со поддршката за Unreal Engine за iOS и macOS. Ова ќе го Unreal Engine и сите креатори на видеоигри кои го користат ќе имаат значителен хендикеп“, велат од Мicrosoft.

За најголем број од развивачите ова ќе значи дека ќе мора да се откажат од iOS и macOS или ќе мора да се откажат од развој на видеоигри со Unreal. Покрај видеоигри Unreal се користи и за визуелизација, па од оваа промена ќе бидат погодени повеќе развивачи.

Apple не преговара со измамници…

Одговорот на Apple засега е краток и остар. „Развивачите кои сакаат да го измамат Apple, како Epic се отстранети. Исто како во некоја од нашите продавници да влезе купувач и да излезе без да плати. Apple нема да добие пари“. Компанијата на кратко тврдеше дека Epic бара повластен статус. На ова добија експресен одговор дека Epic бара отстранување на 30% од секоја трансакција за сите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments