0 коментари 1 мин. читање

Фидот на Instagram сега е достапен и преку Веб

Фотографиите споделени преку популарната мобилна апликација Instagram сега веќе не се ексклузивни за паметните телефони. Стартапот, кој неодамна беше купен од Facebook, сега најави дека целиот фид со споделените фотографии може да се следи и преку Веб, односно преку Instagram.com.

Фидот на веб е минималистички и функционира исто како кај мобилната апликација. Штом се логирате ќе ги видите најновите споделени фотографии од корисниците кои ги следите, има копче да ги лајкувате, да коментирате,, дури може и да се намали големината на страната за да изгледа како мобилната верзија. Но, нема опција за пребарување, само фид со најновите споделени фотографии.

„На кратко кажано, креиравме едноставно, можно и прекрасно Instagram искуство за Веб.“, вели основачот Кевин Систром

Но, иако ова звучи одлично за инстаграмџиите да пристапат до апликацијата преку десктоп или таблет компјутер, сепак нема да можат да закачат фотографии преку веб бидејќи, како што вели г. Систром, намената на Instagram е „да продуцирате фотографии во движење, во реалниот свет, во вистинско време“.

 

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top