Град Скопје и стартапот CodeWell ги здружија силите да ја направат мобилната апликација Skopje City Guide која ќе ја олесни навигацијата околу Скопје и ќе ги претстави сите најинтересни локации низ градот, од музеи и галерии до паркови, споменици и култни ресторани и барови.
Освен детали за локациите, апликацијата, која е достапна за Android паметните телефони и таблет компјутери, нуди и можност корисниците сами да си генерираат свој планер, односно таа да им помогне да го организираат своето време во зависно од интересот на местата кои сакаат да ги посетат. Постои и интегрирана опција за фотографирање и споделување на сликите преку е-разгледници.
Skopje City Guide секако е наменет повеќе за туристите, отколку за македонските граѓани кои колку-толку се запознаени со знаменитостите на Скопје, но сепак е интересен начин да се претстави градот.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.