2 коментари 2 мин. читање 9 јануари, 2013

Најголемите европски оператори сакаат да креираат паневропска мобилна мрежа

Најголемите мобилни оператори во Европа размислуваат за креирање на единствена паневропска мрежа за телекомуникации. Четирите компании кои се на разговори со комесарот Хоакин Алмуниа се Deutsche Telekom,  France Telecom, Telecom Italia и Telefónica, јавува Reuters.

Целта на здружувањето покрај креирањето на единствен пазар е и зголемување на конкурентноста на четирите оператори, која во моментов е нарушена поради поделеноста на пазарот. Доколку се оствари идејата за единствен телекомуникациски пазар Европа ќе заличи на Кина и САД кои имаат само 3 до 4 оператори на својата територија.

Приговори нема да доаѓаат од Европа туку од 27-те национални регулатори, тврди неименуван извор, кој е запознаен со разговорите кои се водат. Најголем проблем ќе бидат разликите во инфраструктурата и пред се националните легислативи на поедините членки на Европската Унија. Еден од начините да се оствари ова, доколку не се најде решение за разликите помеѓу поединечните регулатори е со промовирање на договори за споделување на мрежите, изјави г-дин Алмуниа во декември.

Доколку успее планот за „окрупнување“ на пазарот, корисниците може да се надеваат на намалување на роамингот, но и воведување на единствена цена за телекомуникациски услуги и интернет на целиот континент.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Димитар СКОПЈЕ
Димитар СКОПЈЕ
13 years ago

После повеќе од 20 години од либерализацијата на телекомуникациите во Европа, веќе легитимно ЕУ го поставува прашањето дали видот/tipot на либерализација кој го изврши ЕУ е оној вистинскиот. Имено, видот кој ЕУ го завзеде за либерализацијата беше сосема спротивен на оној од САД и Азија (Јапонија, Тајланд, Тајван, Јужна Кореја итн). Очигледно е дека бил погрешен, ( САД и Азиските земји денес се далеку понапред од Европските земји). Да не ја споменам Кина што прави последниве неколку години во телекомуникациите.
Сега се пробува меѓусебно поврзување на Европските телеком гиганти со цел да се справат со иновациите, апликациите, контентот, потрошувачката технологија итн на америчките и азиските компании. На жалост мислам дека уште во старт ова удружување е погрешно бидејќи проблемот е суштински и лежи во директивите на Европската Унија. Директивите на ЕУ имаат една огромна фалинка а тоа е она што тие не форсираат/подржуваат инвентивност/ иновативност. И Нокија како најинвентивна компанија агресивно пропаѓа.
Европската Унија мора да направи структурни промени инаку ќе се распадне по шавови.

@goranmitev
13 years ago

За македонците ова би значело зголемување на цените.

Мени
Заедница
Изглед
To top