Во моментот од Apple го развиваат iOS 7 за следните генерации на iPhone, а некои развивачи веќе наишле на информации за хардверот на новиот iPhone и оперативниот систем iOS 7. Секако дека постојат шанси овие информации да не се точни, но во случајот локацијата на IP адресата ги однела директно во срцето на Apple, па така можноста да станува збор за вистинските информации е многу голема.
После неславното претставување на iOS 6, особено контроверзните и недворшени мапи, очекувањата за седмата верзија на iOS се многу високи, па кога ќе дојде време, ќе видиме како ќе помине и нејзиното претставување. Сите овие информации се од корисничките логови, додека новости за хардверот и софтверот за развивачите, сè уште нема во логот за развивачи. Но, од изворот на информацијата, Apple започнале со работа на iOS 7 некаде при крајот на 2012-та година, па во скоро време се очекува да биде објавена и првата јавна бета.
Инаку, во минатото Apple сите овие информации ги објавуваше непосредно пред WWDC настанот кој се одржува во јуни.