(Сакате хардвер и паметни уреди? Споделете го вашето мислење за овој уреди и други рецензии на форумот на IT.com.mk.)
Актуелната понуда и нормално големата побарувачка на мобилни телефони за време на новогодишните празници ме натера да напишам некој збор за телефонов, за кој гледам доста заинтересираност, не само по форумов туку и општо. Станува збор на уред од ZTE Corporation – Zhongxing Telecommunication Equipment Corporation, која што е 4-та компанија за производство и продажба на мобилни телефони во светот, односно петта телекомуникациона компанија во светот по Ericsson, Huawei, Alcatel-Lucent и Nokia Siemens Networks.
До сега искрено никогаш не сум купил телефон од некој сличен бренд, да речам кинески, бидејќи ова е всушност кинеска компанија. Станува збор за ZTE Grand X IN моделот, кој искрено никогаш можеби не би го погледнал директно се додека не ми падна случајно во рака. Интегрираниот Intel-ов Атом процесор беше следната причина која можеби ме натера да го земам. Моментално може да се најде во Mакедонија по цена од 14.500 денари само за апаратот или пак соодветно со договор за некоја цена во одредена тарифа.
Спакуван во скромна нормална кутија која содржи фино наредени USB полнач и кабелче, слушалки, телефон, батерија, упатство за ракување.
Предниот дел на телефонот е мазен без никакви видливи маркери, освен долниот дел од телефонот каде се наоѓаат дел од тач „копчињатa”. Нема класично Home копче тастер на предниот дел како што тоа е случај со останатите Android телефони. На задната страна е логото на компанијата и нормално што има внатре.
На левата страна се наоѓаат копчињата +/- за попуштање/намалување на гласот, и мини USB конекторот за полнење на батеријата или пак поврзување со PC. На горниот дел се наоѓа 3,5мм џек за поврзување на слушалките, и Home копчето кое се користи како тастер за вклучување/исклучување, заклучување. На долната и десната страна нема никакви приклучоци и тастери.
На задната страна можат да се забележат отворите за звучниците кои произведуваат сосема солиден звук. Во горниот лев агол е сместена камерата и блицот. Камерата е со 8MP, резолуција од 3264×2448, опремена со автоматски фокус и лед блиц. Има можност за снимање на 1080р видео материјали. Квалитетот на сликите е задоволителен во нормални денски услови, но во услови на намалено светло забележав дека сликите се со полош квалитет. Сите подесувања се наместени на ауто мод, без никакви други подесувања, бидејќи немав време за тоа. Како недостаток не ми се допадна грешката на модот за auto WB и високата вредност на ISO која ги прави сликите со повеќе шум.
Може да се забележи дека не се гледа слот за мемориска картичка бидејќи истиот се наоѓа под задното капаче на телефонот. Доколку имате потреба да ја вадите и ставате картичката, потребно е да се отвоrи и затвори телефонот. Со користење на USB кабелче, може да го избегнете ова и да си ги префрлате фајловите преку PC.
Задното капаче е изработено од рапаво изгумирана пластика која нималку не делува ефтино кога телефонот ви се наоѓа во рака. Притоа можноста за лизгање е сведена на минимум. Оквирот на екранот, односно рамката е метална со темно графитна боја, која дополнително дава чувство на високо квалитетна изработка.
Големиот TFT дисплеј со резолуција 540×960 и 4,3 инчи големина ви овозможува прекрасен преглед на слики, приказ на видеа и видео игри. Приказот на слики – бои и HD видео материјали е одличен. Капацитивниот екран на допир овозможува брза реакција и можност за грешка сведена на минимум при листање, движење и користење на менито.
Има инсталирани неколку програми кои доаѓаат со него, значи не мора воопшто да се мачите со инсталација на апликации и можете да почнете веднаш со користење. Телефонот работи на Android OS, v4.0 (Ice Cream Sandwich). Движењата се мазни, нема сецкања и кочења, барем јас не забележав таква аномалија во оваа недела дена колку што го користам. За се тоа се грижи Intel-oвиот 1.6 GHz Intel Atom Z2460 процесор и интерната 1GВ вградена RAM меморија. Графиката е опслужена со Intel graphics media accelerator (400 MHz) која одлично си ја врши работата.
За и околу оперативниот систем нема потреба да се прави многу муабет. Тој е веќе добро познат. Една од работите кои не успеав да ги најдам е FM радио со RDS кое и можеби го нема, а го има наведено во спецификациите на еден од најголемите сајтови за мобилни телефони GSMArena. Исто така не најдов опција за активирање на NFC. Инаку на предната страна се наоѓа и VGA камера која служи за видео повици.
Дел од вас најверојатно ке ги интересира онаа најважната работа, односно времетраењето на држење на батеријата. Секој пат тоа е различно. Колку што можев за ова кратко време да тестирам, работите стојат вака: Наполнет фулл, без користење на WiFi и Data телефонот држеше цели три дена со вклучени разговори во времетраење од некој си 40~50 минути и напишани неколку SMS-и. Доколку се вклучува повремено WiFi и 3G во тој случај времетраењето на батеријата се намалува за еден ден, односно проверка на мејл, форум, фејсбук, разговори од ~ 30~40 минути максимум два дена. Значи после 36 часа од последното полење, бидете спремни дека ке ви биде потребен полнач… Доколку ги вклучите WiFi и 3G постојано, телефонот го засурфате саглам, гледате видеа, MMS, SMS, разговори над 30 минути во денот, сметајте дека ке биде потребно телефонот да го ставите на полнач пред да си легнете…Сепак големиот дисплеј си го прави своето. 3G-то и WiFi-то исто така. Li-Ion батеријата е со капацитет од 1650 mAh…
Времетраењето на батеријата зависи од многу фактори, меѓу кои еден од најбитните е квалитетот на прием на сигналот во мрежата, па потоа сите оние опции кои ги споменав. Е сега постојат нормално и еден куп други подесувања, односно осветленост на екранот, опции за подесување на статусот на процесорот, зголемување или намалување на работната фреквенција на процесорот итн. Под default таа е на 600 MHz, но во моментот јас ја сменив на максимална односно 1,6 GHz.
Ууште еднаш можам да сумирам и да кажам дека цената во однос на квалитетот и перформансите кои ги нуди е одлична. Како позитивни работи ке ги издвојам следниве:
- Голем екран, квалитетна надворешна изработка, одличен приказ на бои, мазен приказ на HD видео материјали, брзо листање на менијата, пријатно лежење во раката, доволно вградена RAM меморија, солидна интерпретација и свирење на МР3.
Како негативности кои би ги издвоил се следните:
- Екранот има заштита од гребење, но не е Corning Gorilla Glass, за да се дојде до мемориската SD картичка е потребно да се извади задното капаче, ФМ радиото ми остана мистерија, но можеби го нема поради custom софтверот, намалена видливост во услови на многу светли надворешни услови, и квалитетот на камерата во слаби услови на осветленост. Најголемата негативност е тоа што е заклучен да работи само мрежа на провајдерот кој го продава. Но и тоа се средува.
Генерално земено во моментот сум задоволен од телефонот. Замерките се мали, но за телефон од средна класа, мислам дека највеќе може да понуди. За сите поконкретни спецификации може да се погледне и на http://www.gsmarena.com/zte_grand_x_in-4962.php















Jas go zemav telefonov vcera i mozam da kazam deka e mnogu dobar, podobar od dosta mnogu poskapi telefoni. Samo ako moze nekoj da mi kaze dali uste nekoj go ima telefonov, za da postne benchmark resultati od antutu,passmark i nekoi drugi na forumot
Jas sakam da zimam htc desire x, sporedba??? me plase toa so e kineski :)
Se e kinesko…Da ne te cudi deka ovaa kompanija ke izvrsi direkten atak na vodeckite kompanii.
Sega za sega se e odlicno, samo uste malku da napravat napredok vo odnos na kvalitetot na kamerata vo nokni uslovi…Vsusnost i HTC isto taka vlegoa na pazarot…
Telefonot na izgleda mnogu slicno kako HTC Desire X … super bi sakal da go zemam telefoncevo
Чекам месец и половина дотичните од Т-Мобиле да ми го донесат телефонот, се го немало на лагер… а телефонот за тие пари е чиста петка