13 коментари 2 мин. читање

Колку се употребливи македонските медиумски веб сајтови?

Истражувањето на Ирина Шумадиева, магистер по комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, ни открива дека македоските медиумски веб сајтови ги исполнуваат основните стандарди за употребливост, но и дека постојат проблеми со комуникацијата на сајтовите со корисниците. Употребливоста (usability) се однесува на прашањето „Колку ни е лесно да користиме одреден веб-сајт?“ Како и сите предмети од секојдневниот живот, така и веб-сајтовите кои ги посетуваме сакаме да бидат поупотребливи за да ни биде полесно да ги користиме, иако најчесто не сме свесни за тоа.

Истражувањето е направено со 10 популарни македонски веб сајтови, односно со 10 корисници кои извршуваа задачи на сајтовите во експериментална средина, и потоа ја оценуваа употребливоста. Беше направена стручна анализа на сајтовите од страна долгогодишни експерти во областа на веб-дизајнот.

Очекувано, корисниците едноставно не сакаат реклами. Дури и графичките елементи кои се дел од сајтот се перцепираат како реклами и се избегнуваат, иако понекогаш тие се корисни за употребливоста на сајтот. Но, од друга страна, рекламите не се причината да го напуштат сајтот. Публиката си оди од сајтот ако не го најде тоа што го бара. Во тој контекст, најчесто не одат на забавни сајтови за да читаат сериозна содржина.

Корисниците најмногу сакаат да работи пребарувачот на сајтот. Критикуваат кога нема и не работи доволно добро, и кога има филтри за пребарување кои ја утежнуваат постапката. Сепак корисниците сакаат кога има колорно кодирање, истакнати вести, мапа на сајтот, категории и архиви, но не сакаат некликабилни и анимирани елементи, и нечитливи текстови, како и мешање на содржината со рекламите.

„Иако не постојат сосема неупотребливи или сосема употребливи веб-сајтови, секој веб-сајт треба добро да комуницира со својата публика за да ја направи повеќе задоволна, за да предизвикува помалку фрустрација и за да ги зголеми шансите таа повторно да се врати во иднина.“, вели Ирина.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

13 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top