Доколку сте Last.fm корисник, претплатата за следните месеци можете слободно да си ја зачувате и парите да ги потрошите на некое друго место. Почнувајќи од 15-ти јануари 2013 година, правилата на овој сервис се менуваат. За корисниците на САД, Велика Британија и Германија, радиото ќе биде достапно само со претплата, што не беше случај до сега, за Канада, Бразил, Ирска, Австралија и Нов Зеланд правилата остануваат исти, односно ќе продолжи да функционира со претплата, додека сите останати можеме слободно да си најдеме замена.
Како објаснување за овој чекор, од Last.fm го наведуваат ограничувањето на лиценците, што значи дека големите издавачки куќи, конечно ја истераа својата правда. Инаку, месечната претплата за Last.fm е 3 евра месечно, а со тоа корисниците добиваат можност да видат кој им го има прегледано профилот, секако можноста за неограничено слушање на радиото и пристап до секцијата Playground во која се наоѓаат експериментални алатки за истражување на музика.
Доколку веќе имате уплатено, слободно можете да побарате враќање на парите.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.