3 коментари 2 мин. читање

Апликација на денот: Најди WiFi мрежа со Smart WiFi Toggler

Денес постојат огромен број на апликации кои би сакале да ги имаме на нашите паметни телефони, а за да ги симнеме истите, најчесто се поврзуваме на Wi-Fi, благодарение на „ефтините“ тарифи на нашите мобилни оператори.

Бидејќи најчесто користиме Wi-Fi и уште почесто ни се случува да не го изгасиме кога ќе завршиме со користење на интернет, или одиме на место во кое немаме Wi-Fi мрежа на која би можеле да се поврземе. За да не го малтретирате вашиот телефон цело време да бара мрежи за поврзување, а со тоа и да си ја троши батеријата – инсталирајте си Smart WiFi Toggler.

Се работи за апликација која во зависност од вашата локација одлучува дали да го вклучи или исклучи Wi-Fi-то. Разликата од оваа апликација до другите за оваа намена е дека Smart WiFi Toggler не користи GPS за да ја одреди вашата локација, туку ја користи мрежата на вашиот оператор. Според него, се одредува вашата моментална локација и апликацијата донесува одлука дали да го вклучи или исклучи Wi-Fi.

Сè што треба да направите е да ја инсталирате апликацијата, стартувате и да ги подесите основните поставувања кои се појавуваат при првото стартување на Smart WiFi Toggler. Во опциите кои ги нуди Smart WiFi Toggler се наоѓаат поставувањата за колку долго време да биде вклучен WiFi, откако ќе излезете надвор од дометот на некоја мрежа.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play маркетот.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

3 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top