1 коментар 1 мин. читање

Конечно ги дознавме цените на Surface Pro, таблетот чини 900 долари

Microsoft ја објави цената на Windows 8 Pro хибридните таблет компјутери. Surface Pro ќе чини 899 долари за 64 GB верзија односни 999 долари за 128 GB верзија, а ќе биде достапен од јануари 2013 година, објавува компанијата на својот блог.

Новитет е дека двете верзии на таблет компјутерот ќе доаѓаат со електронско пенкало, со технологија која нема да го спречи пишувањето, доколку дланката се допре до површината на екранот додека пишувате. Со оглед на тоа дека ова се цените на уредот без тастатура/покривка се чини дека Microsoft нема намера да биде конкурентен со цената, туку пред се квалитетот у можноста за мобилен Windows 8 уред.

Новиот таблет ќе доаѓа со следната генерација на Intel i5 процесор, кој според најавите ќе ја зголеми моќта за процесирање на графика. Surface Windows Pro ќе има резолуција од 1920х1080, покрај тоа уредот може да се поврзе со дополнителен екран на кој ќе подржува резолуција до 2560х1440. А на него ќе работат и сите Windows 7 апликации.

Интересно ќе биде да видиме и колку простор ќе зафаќа самиот оперативен систем, со оглед на тоа дека Surface RT доаѓа со 16GB простор зафатен од потребите на таблетот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top