0 коментари 1 мин. читање

Хакери можат да срушат цели LTE 4G мрежи со опрема од само 650 долари

Професорот на Virginia Tech, Џефри Рид предупредува дека терористи, криминалци и хакери можат да срушат цели LTE мрежи со евтина опрема која чини само 650 долари. Злонамерниците треба да го попречат синхронизирањето на телефонот со базната станица, сигналот на 4G мрежата е составен од повеќе подсистеми и ако „откаже“ еден од нив, сте ја „загубиле“ базната станица.

LTE е подложна на напад поради тоа што сигналот зависи од контролните инструкции, па со праќање на доволно силен сигнал со истата фреквенција ќе се попречи работата. Според професорот проблематично е тоа нападите покрај тоа што се ефтини можат да бидат изведени и од поединци со основни познавања на телекомуникациски мрежи.

Сепак ситуацијата сè уште не е сериозна, дури и при целосен пад на LTE, 3G и 2G ќе продолжат да работат нормално, но што кога овие комуникации ќе бидат целосно заменети? Тоа што го загрижува професорот,е дека LTE e избрана мрежа за комуникација во случај на катастрофи, па терористички напад во кој истовремено ќе се попречуваат комуникациите на службите за итна помош, може да биде поверојатен во иднина.

„LTE е добра за енкрипција на комуникациите. Но неконвенционалните безбедносни аспекти, како спречување на попречување на сигнали, се превидени.“, константира професорот Рид.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top