4 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: SAP CodeJam Skopje

Програмерите од Македонија на 24 ноември во Скопје ќе можат да се запознаат со своите колеги од SAP. Се работи за светски реномираната компанија за бизнис софтвер и слични услуги со седиште во Германија и претставништа во 130 земји, со вкупно 55.000 вработени.

SAP CodeJam Skopje ќе се фокусира на cloud технологија. Поканетите програмерите ќе можат да се запознаат со SAP NetWeaver Cloud платформата за изработка на cloud апликации базирани на отворени стандарди и слободен софтвер, како и со експерти од компанијата.

„Решивме да го промениме познатиот Hacker Night што го правевме со години наназад, и да креираме нов формат – Code Jam! Затоа донесете ги вашите лаптопи и придрушете им се на вашите колеги развивачи – време е за кодирање, хакнување и креирање“, вели Матиас Стејнер.

Mестата се ограничени на само 35, затоа најдобро е уште веднаш да се пријавите преку официјалната страна на SAP.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top