2 коментари 1 мин. читање

Стив Балмер: Android е див, надвор од контрола и заразен

Директорот на Microsoft, Стив Балмер, упати строги критики кон Android оперативниот систем, за кои можеби и е во право. Г. Балмер не успеа да се воздржи во последното интервју со Рид Хофман, основач на LinkedIn, на настан во Калифорнија каде разговараа на темата за најголемите конкуренти на Microsoft – Google и Apple.

Според г. Балмер „Android е див, надвор од контрола и подложен на малициозност“, додека пак Apple бил „преспак и презатворен“.

За на крај од разговорот, да ја сврти темата во своја корист и нормално, својот производ да го претстави дека е најдобар. Што се однесува до Windows Phone 8, според него, тоа е што му треба на корисник и дека се наоѓа на златната средина помеѓу Android и Apple кои одат до крајност.

Конкретно, неговото мислење за Windows 8, Surface и општо за Microsoft како компанија можете да го прочитате во една од нашите претходни статии.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top