Иако тешко дека некој сериозно мисли дека ќе може да се најде добар лаптоп или десктоп компјутер за цена од 15.000 денари, сепак толку доделува владата за студентите кои се социјални случаи и студентите со специјални потреби. Разгледавме нив македонските продавници и najevtino.mk што може да се купи за тие 250 евра и направивме листа на најдоброто.
Таблет Комјутери
Кинескиот ST RK97 e 10-инчен таблет, со IPS-екран и резолуција 1024×768 има слободен просотор од 16GB и Android 4.0 оперативен систем. Процесорот е RockChip кој се прослави во „кинеската верзија“ на iPad 2. Уредот има и 1GB меморија. Цената на уредот е 14.000 денари, а дистрибутер е SET.
И вториот таблет кој го препорачуваме е од SET, и е најверојатно најдобриот уред кој може да го најдете за цена под 250 евра – Nexus 7, исто така чини 14.000 денари, a варијантата со 32 GB простор е 14,500. Не е за занемарување ниту гаранцијата која кај ST RK97 е 350 дена, а кај Nexus 730 дена.
Лаптопи и ноутбук
Лаптоп и нетбук делот опфаќа повеќе ноутбук отколку лаптоп комјутери што е и разбирливо со оглед на тоа дека и средно квалитетен лаптоп е над 25.000 денари.
Аsus X401U-WX009 е 14-инчен нетбук со Ontario дво-јадрен процесор на 1.33GHz, хард диск од 320GB и 2GB RAM. Цената му е од 14.000 денари во AMC до 15.500 денари во DDstore. Ноутбукот на HP 635 можете да го најдете во Anhoch и чини 15.480 денари. Има двојадрен AMD Е300 процесор на 1.3 GHz ,1МВ cashе. Екранот е 15,6-инчи, а доаѓа со 320 GB хард диск и 2 GB DDR 3 меморија. Графичките карти во речиси сите уреди се од 62хх-63хх AMD Radeon.
Acer Aspire One D270 е 10.1 инчен нетбук со Intel Atom N2600 процесор и со 1GB DDR3 RAM и 320GB хард диск. Се продава во DDStore за цена од 14.419 денари.
Десктоп
Во зависност од намената за која планирате да го користите комјутерот најверојатно и ќе можете да најдете подобри конфигурации од препорачаните, иако наоѓање на компјутер кој би бил доволно моќен за гејминг е надвор од веројатноста.
Ако веќе имате монитор DDStore нуди i3-550 3.2GHz, 4GB DDR 3 и 500GB хард диск. Цената на комјутерот е 15,000 денари, но доаѓа без монитор. АМЦ нуди Athlon II 2 250 двојадрен процесор, so 2GB DDR 3 меморија, 500GB хард диск и nVidia GT210 графичка карта за 14,690 денари. Цената на мониторите е над 2.000 денари за жал при купувањето со ваучер ќе мора да ги земете сите продукти од исто место.
Една од ретките конфигурации која доаѓа со монитор е од Advance Media. За жал конфигурацијата е со Celeron процесор. 2GB DDR 3, интегрирана графичка карта, 500 GB хард диск и 19-инчен монитор. Цената на конфигурацијата е 14390 денари. IT Market продава Celeron G440 со 2GB DDR3 и 500GB хард диск за 11.280 денари. Мултиграф компјутери имаат понуда за G530 процесор, 2GB DDR3 и 500 GB хард диск за 11.290 денари. Интересна понуда имаат Set и DDStore за мини PC, Asrock S330 со Intel двојадрен Atom процесор за 12,955. Зa краj ЕМИ Медиа нуди Celeron G630 , 4GB DDR3, интегрирана графичка карта и 500 GB хард диск za 12.400 денари.
Не сите компании немаат објавено на страната дали цените на продуктите се со вклучен ддв, иако освен да се прикаже впечаток на пониска цена од конкуренцијата, нема причина за невклучување на данокот. Поради ова цените на некои од комјутерите можеби ќе ја пробијат границата од 15.500 денари.
Што би одбрал IT.com.mk?
Некако се согласивме дека таблет компјутер, поточно Nexus 7 е можеби најдоброто решение за тие пари. Препораката ни е за Nexus 7 со 32GB простор, посебно затоа што тоа е единствениот продукт кој ја заслужува цената и за разлика од останатите не фаќа прашина во магацините на продавниците кои сега сакаат да се откачат од постарите продукти.
*Сепак дискутиравме со форумџиите на форумот на It.com.mk кои е апсолутно против купување таблет компјутер. Ако имате искуство или мислење слободно споделете го на форумот.
Бидејќи се работи за студенти би требало да се фокусираме на продуктивност, односно во Android апликации за функционалност, друштвени мрежи наспроти веб апликации достапни преку ноутбук. Мобилноста е исто така клуч при изборот. Таблет компјутерот е лесен, а ноутбукот малку потежок, додека десктоп компјутер е надвор од прашање. Дополнително, можеби има повеќе забава на Аndroid уред, пред се бидејќи има повеќе Android игри од игри кои можат да работата на ноутбук.
Сепак Nexus 7 е малку ограничувачки пример во работата со фајлови типични за студенти, пример едитирање на pdf документи, разни формати на документи (иако Google Docs е добро решение), прецентации и други апликации кои се користата во образованието, кои често не се оптимизирани за таблет компјутер. Секако со таблет компјутер ќе треба да имате WiFi приклучување за да може да го искористите целиот потенцијал.


Коментари
19 коментари
Коментарите се затворени.