Android оперативниот систем работи на 3 од 4 мобилни телефони продадени во третиот квартал од 2012 година, но развивачите на мобилни апликации сè уште заработуваат повеќе од Apple App Store, отколку преку Google Play, пишува Tech Thoughts.
Една од главните причини што не се заработува толку од Android е тоа што околу 50 посто од Android уредите работат на постари верзии на оперативниот систем, па за развивачите е потешко да ја направат својата апликација компатабилна со сите верзии, и токму тоа ја прави нивната загуба. Сепак, заработката од Android апликациите почнува да се приближува кон таа од iOS.
Заработката од Google Play маркетот е зголемена на 44 посто, додека оваа бројка изнесуваше околу 30 посто, само неколку месеци назад. Најверојатно, овој раст се должи на фокусирањето на апликациите и содржината кон еко-системот и одличната продажба на Samsung Galaxy S и Nexus 7.
