1 коментар 1 мин. читање

11-годишната Луси отвори импровизирано интернет кафе за настраданите од ураганот Сенди

Единаесет годишната Луси Валковиак отвори улично интернет кафе за граѓаните на Њу Џерси кои останаа без струја и интернет поради ураганот Сенди. Во интернет-кафето поставено во еден од неколкуте блокови во Хабокен каде што има струја, посетителите можат да го наполнат својот телефон и да се приклучат на интернет.

Девојчето за возврат од посетителите бара единствено мали донации до организацијата на Црвениот Крст. Импровизирано интернет кафе е целосно нејзина идеја, истакнува нејзиниот татко Стив Валковиак.

„Луси многу работи за заедницата и преку нејзиното училиште, ова е последица на тоа што го има научено.”

Веста за девојчето кое им овозможува на соседите да комуницираат со светот прв ја објави Philly Mag, а потоа ја објавија поголем број на весници и портали кои и ја зголемија интернет популарноста на Луси.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top