Giki Zero е веб сајт со едноставен и модерен копцепт чија ултимативна цел е да ви постави неколку прашања и да направи идивидуална проценка за вашето влијание врз природата.
За секој чекој, проценката се заснова во зависност од тоа колку се решенијата ефикасни и едноставни за правење. Креативно се нудат алтернативни решенија и предлози за донесување одредени промени во вашиот живот, како на пример, користење сапун наместо гел за капење.
Кога ќе се земе се во предвид, Giki Zero е интересен сајт кој може да открие неочекувани работи за вас и за отпечатокот кој го оставате врз природата. Единствено нешто што не нѝ се допадна е тоа што се бара регистрација и создавање акаунт пред да почне да се одговара на прашањата.








