0 коментари 1 мин. читање

Инспирирајте се со сајтот Inspirational Stories

За многумина, пандемијата има оставено белег, како на психичкото, така и на физичкото здравје. Inspirational Stories е веб сајт кој ќе се потруди да ве расположи и охрабри со навидум непресушен извор на позитивност.

На располагање имате стотици приказни, песни, цитати, и изреки, исткајани од познати лица или најголемите мислители.

Веб сајтот е лесен за користење и иако знае од време на време да ве бомбардира со реклами, целокупното искуство е релативно пријатно. Поради тоа, не губете време и прочитајте за над 200 цитати кои ќе ве опаметат, стотици мисли за спокоен живот, како правилно да се мотивирате, па дури и како да го водите животот според Кање Вест.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top