Oд сега корисниците на домашните интернет услуги на One ќе можат да користат безжичен интернет кој го обезбедува Sun Wireless. Двете компании стапија во партнерство со кое корисниците можат да користат едно корисничка лозинка за да се логираат на двете мрежи, и да користат и домашен фиксен интернет, пример декстоп компјутер поврзан со кабел, и WiFi безжичен интернет кој може да го користат лаптоп или таблет компјутерите.
Корисниците кои ќе користат интернет на Sun Wirelss ќе бидат тарифирани како да користеле интернет преку фиксната интернет тарифа која ја користат. Месечната претплата за пристап на Sun Wireless за корисниците на резидентниот интернет изнесува 99 денари (со ДДВ).
Корисниците на мобилната телефонија на ОНЕ пристапуваат во мрежата на Sun Wireless со пристапен код кој го добиваат со испраќање на СМС порака кон бројот (075) 146 614 и на тој начин имаат можност да искористат 1GB интернет сообраќај во период од 24 часа од активација на услугата. Најавата со код за корисниците на мобилната телефонија на ОНЕ изнесува 29 денари (со ДДВ).
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.