0 коментари 2 мин. читање 18 октомври, 2012

Отстранете ги штетните линкови кон вашиот сајт со Google Disavow

Google ја објави својата најнова алатка наречена Disavow со чија помош блогерите и општо основачите на сајтови ќе може да ги отстранат неквалитетните линкови, а со тоа и да ја избегнат штетата како што е понизок рејтинг на Google.

Алатката ја објави главниот во тимот за веб спам, Мет Катс, на Pubcon конференцијата, а меѓу другото напомени и дека Disavow треба да се користи претпазливо, бидејќи може самите да си наштетите. Тоа што тој го препорачува е прво да ги контактирате основачите на сајтовите кои имаат линк кон вас, па потоа да го пуштите нивниот филтер.

Google ќе ве опомени за последниците, а доколку се согласите на Disavow, сервисот ќе ви генерира текстуална датотека во која ќе бидат запишани сите сајтови за кои линкови не сакате да бидат упатени кон вас. Таквите линкови ќе бидат запишани во форматот „domain:http://link.com“.

Повеќе за Google Disavow ќе ви објасни самиот г. Катс во своето скоро десет минутно видео.

[youtube]393nmCYFRtA[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top