Google ги отвори вратите на своите досега тајни податочни центри, претставувајќи ja прекрасно дизајнираната инфраструктура од цевки, системи за вентилација, серверите и сите други кабли низ која се индексираат 20 милијарди веб страни секој ден, се процесираат 3 милијарди дневи пребарувања дневно, и се собираат огромен број податоци од користењето на Google-овите сервиси од 1 милијарда корисници потребни за таргетирани реклами и персонализирани услуги. Затоа и Google со овие фотографии вели „погледнете каде живее интернетот“. Но, интересно, ниту еден од прикажаните центри не е тој од седиштето на Gogole во Маунтин Вју во Калифорнија.
Фотографиите од центрите и локациите во Финска, САД и Белгија, заедно со виртуелна тура низ центарот во Северна Каролина преку Street View, се објавени на нов веб сајт.
[youtube]avP5d16wEp0[/youtube]
Добар дел од интернетот, ако не и поголем живее и во дата центрите на Циско кои се исто толку, ако не и повеќе импресивни. Особено Allen Data center Texas.
Ете ги моите бајти. :-)
Ej tocakot shto mi go ukradoa lani
pretty evil empire