2 коментари 1 мин. читање

Хакер го реши проблемот со Apple Maps; портираше Google Maps во iOS 6

Хакерот Рајан Петрич со видео демонстрираше дека е можно да се портираат Google Maps и на најновиот iPhone 5, односно на сите уреди кои користат iOS 6 и со тоа им даде надеж на сите корисниците кои се незадоволни од лошите мапи на Apple.

Хакерот вели дека привременото решение, кое сака да го објави и јавно доколку го заврши да работи без да се сруши, работи со постара Google Maps апликација од iOS 5.1 која е инсталирана на iPhone 3G S кој е надограден на iOS 6.0. Сепак, како и со други вакви хакови, iPhone-от треба да биде „отклучен“ (jailbraked) што значи и дека ќе ја направи гаранцијата неважечка.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top