0 коментари 1 мин. читање

Windows Store е отворен за програмерите во 120 земји, но Македонија е само конзумент

Microsoft ја oтвори Windows Store за развивачи од над 120 земји. Македонија е присутна на листата држави-конзументи, но ја нема земјата во делот за програмери, иако речиси во сите соседни држави продавницата е веќе отворене. Ова значи дека македонските корисници ќе можат да купуваат апликации од Windows Store во евра, земјата сè уште не е на листата за користење на локална валута, но програмерите нема да можат да се регистрираат и да започнат да продаваат апликации.

Во краткиот период колку што е отворен Windows Store веќе се избројани 1.033 главно бесплатни апликации, иако некој од нив се наплаќаат. Апликациите ќе бидат достапни во 231 држава, од кои 75 ќе можат да плаѓаат во националните валути, останатите ќе плаќаат во долари односно евра.

Доколку се отвори пазарот за македонски програмери, тогаш ќе може да се регистрираат за 99 долари за компании и 45 долари за индивидуалци, а доколку сте MSDN или DreamSpark член првата година ќе биде бесплатна.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top