0 коментари 1 мин. читање

Windows Phone 8 официјално ќе биде претставен на 29-ти октомври?

За Microsoft крајот на октомври е перфектно време за претставување на најновите продукти. На 25-ти октомври официјално ќе биде претставен таблет компјутерот Surface, на 26-ти официјално стартува продажбата на Windows 8, а, според ZDnet, на 29-ти октомври официјално ќе биде претставенa и мобилната платформа Windows Phone 8.

WP8 ќе биде претставен заедно со новите паметни телефони кои ќе работата на мобилниот оперативен систем, некои кои се веќе објавени како Samsung Ativ S.

Четири дена подоцна, на 2-ри ноември стартува Microsofot Build конференцијата за програмерите и развивачите на апликации. Темите секако ќе бидат за Windows 8 и Windows Phone 8.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top