1 коментар 1 мин. читање

Nokia и Microsoft закажаа WP8 конференција недела дена пред претставувањето на iPhone 5

Во исчекување сме на прес-конференцијата на Nokia и Microsoft која е закажана за 5 септември во Њу Јорк. Иако не објавија за што точно ќе стане збор, имајќи ги во предвид заедничките проекти, јасно е дека станува збор за презентација на Windows 8 телефоните.

Се очекува на овој настан да бидат преставени нови WP8 уреди. Дали ќе стане збор за некоја нова Lumia, Apollo или можеби сосема нова линија на телефони ќе видиме на конференцијата, која интересно е закажана една недела пред таа на Apple на која ќе биде претставен новиот iPhone 5.

Дали Microsoft и Nokia ќе го одвлечат вниманието од новиот хит, или пак ќе бидат заборавени по само недела дена? До сега се покажа дека второто е поверојатна можност за Windows Phone 8 платформата која сè уште се мачи да стане конкурентна на пазарот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top