Сигурно сите до сега сме имале задача да направиме некоја презентација и ни биле потребни неколку фотографии. А кога се работи за презентација што сакаме да ја споделиме со неколку луѓе, можеби и најдобар начин да ја создадеме презентацијата е преку Google Drive.
Според објавата на Google Drive на Google+, компанијата има направено договор за соработка со ThinkStock и ги повикува корисниците да изберат кои фотографии најмногу им се допаѓаат од галеријата на ThinkStock.
“Кога пишувате презентација или некој документ, вистинската фотографија може да вреди илјада зборови.“, пишуваат од Google. „Затоа на почетокот на оваа година додадовме галерија со сток фотографии во Google Drive. За да ви помогне да ја пронајдете вистинската слика и да ја додадете бесплатно.“
Корисниците може фотографиите да ги номинираат преку оваа форма.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.