Пред некое време зборувавме за мајскиот апдејт за корисниците на Windows 10, како и придобивките од истиот. Но, она што е новитет, е дека истиот апдејт кај некои корисници е намерно блокиран од страна на Microsoft. Причината за ова се бројните проблеми со кои се соочуваат корисниците кои го добија апдејтот.
Во моментов има десетина големи проблеми на кои Microsoft работи, а некои од нив се толку сериозни што го паузираа целиот апдејт кај корисниците, и во моментов не може да се инсталира како и било кој друг апдејт. Помеѓу проблемите, еден од посериозните е кај игрите кои користат GameInput Redistributable, бидејќи кај некои од нив може да ја изгубите можноста да користите глувче.

Доколку пробате да го спуштите апдејтот преку Windows Update, а вашиот уред не е спремен за истиот, ќе добиете предупредување и апдејтот нема да се појави. И покрај ова, апдејтот може да се инсталира преку Microsoft Update Assistant, но со оглед на големиот број на проблеми со истиот, ние би почекале Microsoft да ги реши пред да го инсталираме.







