5 коментари 1 мин. читање

Spider Oak e веб складиште кое покрај простор нуди и поголема безбедност

SpiderOak е веб складиште кое овозможува синхронизација на податоците на речиси сите уреди. Како и кај Dropbox и другите веб складишта овозможена е синхронизација помеѓупаметни телефони, лаптопи, таблет и десктоп комјутери. Но, тоа што го одделува Spider Oak од останатите веб складишта е безбедноста која им ја нудат на корисниците.

Вработените во компанијата се горди на нивниот „Zero-knowledge“, поточно неможоста за отварање на податоците кои ги складираат корисниците дури и во случај некој од компанијата да сака да ги разгледува содржините. Начинот на кој ова е овозможено е со енкриптирање на податоците пред корисниците да ги испратат до нивното складиште. Дополнителна мерка на безбедност е енкриптирање на клучот за декрипција.

Доколку ви се доволни 2 GB простор услугата е бесплатна, а за 10 долари месечно или 100 долари годишно, просторот за складирање се зголемува за 100GB. Вообичаено направен е обид за синхронизација со сите популарни оперативни системи Windows, OS X, iOS, Android и Linux.

Системот би требало да работи безпрекорно се додека не ја заборавите лозинката, во ваков случај за жал, податоците во веб складиштето ќе станат безкорисни.

[youtube]DQqpPz7lHM0[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top