0 коментари 1 мин. читање

Betaworks ја објавија новата верзија на Digg – Digg v1

Помина шестнеделниот редизајн на овој сервис и конечно го добивме новиот Digg кој, неочекувано, во целост се разликува од претходниот. Именуван како Digg v1, вчера сервисот ја објави својата iPhone апликација и мобилниот сајт, а веќе денес ни е достапен и преку веб. Секако, страницата сѐ уште не е во целост завршена, но првичната замисла која ја имаа од Betaworks е постигната и корисниците може слободно да го користат новиот Digg.

На својот официјален блог, веќе имаат поставено листа на кои ќе бидат следните работи што треба да ги очекуваме на овој старо-нов сервис. API, нов систем за коментирање, нова персонализирана мрежа со налик на News.me и уште неколку други работи ќе бидат делови од надградбите во текот на следните месеци.

Содржината како и претходно е поделена на топ стории, популарни и тие што следуваат, односно тие што се скоро објавени и/или немаат доволно гласови за да се искачат погоре.

За да испратите линк, ќе морате да се најавите преку Facebook или да го испратите преку Twitter.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top