0 коментари 2 мин. читање 26 јули, 2012

Facebook работи на свој телефон со HTC; уредот ќе се појави во 2013-та

Се повеќе шпекулации има за Facebook брендиран телефон. Според последните гласини Facebook ќе изработи телефон заедно со HTC, а телефонот би излегол најрано до средината на 2013 година, пишува Bloomberg.

Според непотврдените информации, телефонот бил закажан за оваа година, но заради зафатеноста на HTC со други проекти телефонот е поместен за 6 месеци. Facebook пак, работи на модифицирање на оперативен систем за телефонот. Новиот оперативен систем најверојатно ќе биде специјализирана верзија на Android.

Ова не е прв пат Facebook да соработува со производители на мобилни телефони, иако до сега соработката единствено се сведуваше на подобра интеграција на друштвената мрежа на телефоните. Како што јавува CNET, ова не е ни прва најава за Facebook телефон што ја гледаме. Шпекулациите се појавија уште од 2010 година, но по неколку неточни вести, помеѓу кои најавувањето на HTC ChaCha и Salsa кој единствено имаат Facebook копче.

Каков ќе биде успехот на евентуалниот Fаcebook телефон е сè уште непознат, иако во анкета за AllThingsD заинтересирани за Facebook телефон биле единствено 12 проценти од анкетираните. Дали вие би купиле паметен телефон поради тоа што ја има најдобрата можна Facebook интеграција?

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top